Несреќа во Скопје: 14-годишно дете падна од четврти спрат

Во 12 часот и 30 минути вчера во полициска станица било пријавено дека се случила несреќа во Јавната установа, Дом за деца без родители „25-ти Мај“. Според податоците од полицијата, штитеничка од домот на возраст од 14 години, паднала од 4 спрат, поради засега неразјаснети околности.

 Девојчето со возило на Итната помош било пренесено во болница каде било констатирано дека се здобила со сериозни повреди како Скршеница на левата нога и отскочниот зглоб.

Се работи на расчистување на случајот.

 
 
28.02.2016 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега