Радовишанец во врска со малолетничка - ќе одговара пред полицијата

 

Полицијата поднесе кривична пријава против Б.М. (21) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад врз малолетник кој не наполнил 14 години“.

 Како што информираат од МВР,  Б.М. на 22 јануари минатата година во неговиот дом во Радовиш извршил обљуба врз тринаесетгодишно девојче од Штип. При извршените разговори со двајцата, истите изјавиле дека во домот на пријавениот се вршени полови дејствија.

Неофицијално 13 годишното девојче од Штип и 21 годишниот Б.М. биле во љубовна врска.

 
 
24.02.2016 - 14:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега