Јахјага: Македонија и Косово имаат јасна евроатланска иднина

 

Претседателката на Косово Атифете Јахјага на денешната проштална средба со македонскиот амбасадор во Косово, Стојан Карајанов, високо ги оценила односите меѓу двете држави.

Јахјага му се заблагодарила на македонскиот дипломат за неговата ангажираност и работа, нагласувајќи го значењето од продолжување на соработката меѓу институциите на Република Косово и Република Македонија:  - Соработката меѓу Република Косово и Република Македонија треба да се продлабочува во сите области, посебно во економијата, изјавила Јахјага.

Амбасадорот Карајанов дал висока оценка за неговата соработка со сите косовски инситуции.

ФОТО: А1.он