Мерките за бесплатна бања и викенд ќе ги користат 52 пензионери од Ресен
Вкупно 52 пензионери од Ресен ќе ги користат поволностите од владините проекти за бесплатна бањско-климатска рекреација и бесплатен туристички викенд, информира раководителот на подрачната единица на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување Науме Попевски.
За 16 пензионери бил одобрен бесплатен викенд, кој ќе се реализира на 4 март во Отешево, додека за бањско-климатска рекреација одобрени се 36 барања, кои ќе се спроведат во две смени, од 2 до 8 и од 8 до 14 април во Дебарски бањи.
До ресенската канцеларија на ПИОМ, според Попевски, биле доставени над 65 барања, од кои некои аплицирале за двете услуги, а некои овие поволности ги користеле минатата година.
– Приоритет во изборот за користење на услугите за бесплатни туристички викенд и бањско-климатска рекреација беа пензионерите со пониска пензија, подолг стаж и оние кои досега не го искористиле ова право. Годинава беа доставени над 65 барања за користење на овие мерки, но некои имаа апликации за двете услуги, а некои беа лани, па затоа правевме селекција, изјави Попевски.
На подрачјето на општина Ресен регистрирани се околу 2.800 пензионери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа