Охрид: Парите за гробови си ги ставал во џеб

Секторот на внатрешни работи во Охрид поднесе кривична пријава против Н.С. (47) од Охрид – референт за наплата и доделување на гробни места во „Градски гробишта“ во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“. Пријавениот во периодот од 2011-2013 година за 74 погребани лица не изготвил налози за работа со пресметки за дадени услуги во вкупен износ од 186.630 денари, а за 27 надгробни споменици не изготвил налози за работа за извршени услуги во износ од 21,300 денари и истите не ги  доставил до Секторот за сметководство во Јавното претпријатие. На овој начин пријавениот причинил вкупна штета на „Градски гробишта“ во Охрид за износ од 207.930 денари.

 
 
19.02.2016 - 13:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега