Југо и Мерцедес удрија во камион: Страшна несреќа ја потресе Македонија

Во 17 часот и 10 минути на регионалниот пат Тетово-Јажинце се случила несреќа во која Југо со тетовска регистрација, управувано од 40-годишниот Љ.И. од Рогачево и Мерцедес со косовски ознаки, управуван од 31-годишниот М.Љ. од Албанија се судриле со автобус МАН со гостиварска регистрација, со кој управувал 58-годишниот Б.Х.

33-годишната С.И. која била сопатничка во Југото итно била пренесена во болница во Скопје со сериозни повреди. Со повреди се здобиле и С.И., М.Љ. и сопатниците од возилото „Мерцедес“ Р.Љ. (83), С.Љ. (60) и Ф.Љ. (28), сите од селото Глобочица, Косово. 

 
 
19.02.2016 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега