Таксист преживеа хорор за 2000 денари

Вчера околу 12:25 часот во Скопје, на улица „Коце Металец“, непознат сторител извршил разбојништво над Б.Л., таксист , при што му одзел 2.000 денари. Сторителот седнал на задното седиште, побарал такси превоз до улица „Коце Металец“. Во моментот кога пристигнале на наведената адреса, сторителот му задал силен удар во задниот дел од главата и вратот, по што од десниот преден џеб од фармерките  му ги одзел парите и побегнал во непознат правец.

Полициската станица во Гази Баба презема мерки за пронаоѓање на сторителот.

 
 
19.02.2016 - 13:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега