Три состојки и само 12 минути: Супер рецепт по кој полудеа сите

Овие вкусни мафини ќе ги направите само со помош на три состојки и тоа за многу брзо време. Ќе уживате во одличен и освежителен вкус за кој не ви се потребни ни брашно, ни ништо од продуктите кои вообичаено ги ставаме во десертите.

Потребни ви се:

2 зрели банани

4 јајца

малини или друго овошје по избор

Подготовка:

Излупете ги бананите, исечете ги па изгмечете ги со вилушка. Во чинија изматете ги 4-те јајца и додадете ги кај бананите за да добиете тесто. Подмачкајте калапчиња за мафини и ставете малини или некое друго овошје кое го одбравте, и преку нив сипете од тестото.

Печете 12 минути на 190 степени.

 
 
19.02.2016 - 11:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега