Трагедија во Прилеп: Жена почина на породување - бебето живо

Ноќеска при пораѓање починала жена во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп

Информацијата за „Макфакс“ ја потврди директорот на болницата Петар Ристески, кој изјави дека жената починала ноќеска околу 1.50 часот, а новороденчето е живо, од машки пол.

Засега од болницата и од Министерството за здравство нема други детали за случајот.

Надлежните најавија прес-конференција на којашто ќе биде соопштено што точно се случило.

 
 
19.02.2016 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега