Рецепт на денот: Топло ладно - едноставно мора да го пробате
Состојки:
2 јајца, 2 жолчки од јајца
75гр путер
45гр шеќер
100гр темно чоколадо (какао мин.40%)
45гр брашно
20гр какао во прав
Лажичка екстракт од ванила
Малку сол
Подготовка:
Треба добро да го изматите шеќерот, јајцата и жолчките со миксер или со рака, за да добиете жолта смеса (со додаток на сол, подобро ќе се соедини). Путерот и чиколадото, стопете ги на пареа или во микробранова. Потоа помешајте ги овие две смеси и додадете како,брашно и екстракт од ванила.
Кога сето тоа ќе го завршите, подгответе четири метални или керамички садчиња (отпорни на топлина) со волумен околу 150мл, кои ќе ви послужат како калапи. Пред да ги наполните намачкајте ги со путер, а потоа ставете ја смесата, но не до врвот. Оладете ги така наполнетите калапи 30 минути во фрижидер.
Потоа подгответе длабок сад за печење, ставете ги во него калапите, а околу истурете врела вода до половина од височината на калапот. Печете во загреана рерна 180С.
Извадете ги калапите до водата и оставете ги да се изладат на собна температура околу 15 минути. Секој колач превртете го во посебна чинија, посипете го ванилин шеќер и прелив од карамел по желба. Може да додадете и една малина или јагода, а од страна додадете топка сладолед од ванила.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа