Полицијата влезе во Желино

Девет женски лица, четири албански и пет државјанки на Македонија, биле затекнати како ги забавуваат гостите при ноќешната акциска контрола на полицијата во угостителскиот објект „Ерди бос“ во тетовското село Желино, сопственост на Ј.Ф.(39), информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

По контролата спроведена во периодот од 1 до 2 часот по полноќ четирите албански државјанки, на возраст од 21 до 40 години, биле приведени и задржани во СВР Тетово, а потоа биле предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка. Петте македонски државјанки од Скопје и Куманово по приведувањето и кусото задржување биле пуштени.

Се преземаат мерки и активности за целосно расчистување на сите поединости околу престојот и ангажманот на затекнатите женски лица и нивната евентуална вклученост во проституција или други незаконски активности, посочи Јосифовски.

 
 
18.02.2016 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега