Јанакиески: Возовите ќе се движат со брзина од 100 до 120 километри на час

Денеска бугарската компанија СК-13 ХОЛДИНГ ЈСЦ и ЈП МЖ Инфраструктура потпишаа договор со кој е предвидено да се реконструира железничката делница од Ногаевци до Неготино во должина од 30.993 метри, која е дел од Коридор 10.

Според потпишаниот договор, бугарската компанија треба во период од една година да ги заврши работите, а делницата Ногаевци – Неготино се очекува да биде целосно завршена за 15 месеци. Вкупната инвестција изнесува 9,5 милиони евра, а парите се обезбедени од ЕБОР.

-Ова е потврда за посветеноста на Владата на подобрување на железничката инфраструктура во државата. Со завршување на оваа делница во рок од 15 месеци очекуваме целосно да биде завршен Коридорот 10, рече министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и додаде дека ќе се зголеми и бризината на движење на возовите кои се движеа од 30 до 50 км на час , така што сега ќе се движат со брзина од 100 до 120 км на час.

Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура, Ирфан Асани рече дека со ремонт на оваа железничка пруга ќе се останатите три црни точки каде што имаше воведено бавни возења со ограничена брзина од 20 до 50 км на час. - Со ремонт на оваа делница ќе се изврши комплетна замена на постоечките шини од типот S-49 со нови од типот UIC-60. Овие шини за прв пат ќе се применат на пругите на МЖ и истите овозможуваат поголема трајност, поголема стабилност и поголем осовински притисок, посочи Аасани.

Последната промена на оваа делница е извшена пред 45 години.

ФОТО: Денешен

 

најчитано сега