СКАНДАЛ: Новинари на „А1он“ во Пустец се претставувале дека се новинари на „Република“

Новинари од Македонија од засега непознати причини денеска во Пустец лажно се претставувале дека се од неделникот „Република“, објави порталот „Пустец“ (Pustec.com).

Ваквата вест ја потврдил и градоначалникот на општина, Едмонд Темелко, кој ги примил новинарите во својата канцеларија.

Според информациите на порталот „Пустец“, се работи за новинарите Александар Тодески и Виктор Јованов. Новинарите се  од порталот „А1 он“.

novinar-a1on

Тие се дел од импресумот на А1ОН објавен на самиот портал.

a1on-impresum

Видеото во продолжение е превземено од ПУСТЕЦ.КОМ.

„РЕПУБЛИКА“ демантира:

Новинарска екипа од „Прва Република“ не е испратена во Пустец. Денеска две лица се претставувале како новинари на „Република“ во обид да разговараат со населението и да направат интервју со гтадоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко.

„Република“ нема своја екипа во Пустец, ниту пак новинари на неделникот и порталот „Република“ побарале интервју од тамошниот градоначалник. „Република“ по ова ќе покрене соодветна постапка, согласно законските прописи, против лицата кои лажно се претставувале, злоупотребувајќи го медиумот „Република“.

 
 
16.02.2016 - 14:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега