ФЗОМ со ново олеснување за осигурениците

Фондот за здравствено осигурување на Македонија продолжува да промовира нови електронски услуги, во рамки на месец февруари кој е прогласен за месец на електронски услуги.

Фондот на својот портал денес промовира три нови електронски услуги за правата кои се гарантирани врз основа на закон за  осигуреници кои досега беа достапни само во хартиена форма, а од сега ќе можат да ги добијат поедноставно, побрзо и поефикасно по електронски пат преку новите електронски услуги.

  • Барање за добивање на решение за ослободување од партиципација по различни основи
  • Барање за повраток на средства за повеќе наплатена партиципација
  • Барање за издавање на двојазичен образец

-Првата услуга е поднесување на електронско барање за добивање на решение за ослободување од партиципација по различни основи согласно член 34 од законот за здравствено осигурување. Со оваа нова електронска услуга, овозможуваме секој осигуреник да може да поднесе електронско барање за ослободување од плаќање на партиципација при неговотот здравствено лекување. Согласно законот следниве категории на осигуреници може да бидат ослободени од плаќање на партиципација: децата со посебни потреби, според прописите за социјална заштита; корисници на постојана парична помош, лицата сместени во установи за социјална заштита и во друго семејство, според прописите за социјална заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство; душевно болни лица сместени во психијатриски болници и ментално ретардирани лица без родителска грижа и осигурените лица кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко- консултативната и болничката здравствена заштита, освен за лековите од листата на лекови издадени на рецепт во примарната здравствена заштита и за лекувањето во странство, во износ повисок од 70% од просечната остварена месечна плата во Републиката во претходната година, осигурени лица кои доброволно дарувале крв, според програмата која се однесува на доброволното дарување на крв, донесена согласно со Законот за здравствената заштита, осигурени лица кои доброволно дарувале ткиво или орган, истакна директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски.

Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на ФЗОМ: 

Од сега, на многу поедноставен начин ќе може да се оствари ова право преку новата електронска услуга, а дополнителната документација која што осигуреникот досега требаше да ја носи лично и да ја приложува во хартија во подрачните служби, сега ќе може со едноставно скенирање и прикачување во електронскиот систем да ја прикачи на места каде што има интернет и читач. По решавањето на предметот, осигуреникот решението ќе го добие по пошта на домашна адреса. Со ова се заменува и скратува хартиеното работење и потребата да се доаѓа на шалтер. Во 2015 година ослободување од партиципација согласно законот за здравствено осигурување искористиле 10.800 осигуреници.

Втората електронска услуга се однесува на електронско барање за ослободување од понатамошно плаќање на партиципација на специјалистичко и болничко ниво на здравствена заштита и поврат на средства за повеќе наплатена партиципација . Право за остварување надоместок за повеќе наплатена партиципација имаат само осигуреници кои имаат платено повеќе партиципација од утврдената со актите на фондот, во тековната година. Овие осигуреници според прописите на работа на Фондот се ослободени од понатамошно плаќање партиципација. Со оваа услуга секој осигуреник ќе може да поднесе барање за добивање на решение за повеќе наплатена партиципација, со што ќе му се рефундира соодветниот износ. Во следниве случаи за определени категориите на фондот врши ослободување од плаќање на партиципација според примања и платен износ:

1.Ако осигурените лица во текот на една календарска година платиле партиципација во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во износ повисок од 70% од просечната месечна нето плата во Републиката во претходната година, 15.280,00 денари се ослободуваат од плаќање на партиципација за здравствени услуги, освен за лекови на рецепт и лекувањето во  странство, до крајот на годината.

2.Ако осигурените лица чиј месечен нето приход во семејството е помал од просечната нето плата во Републиката во претходната година, кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во износ повисок од 40% од просечната месечна нето плата, 8.731,00 денари се ослободуваат од плаќање на партиципација за здравствени услуги, освен за лекови на рецепт и лекувањето во  странство, до крајот на годината.

3.Ако осигурените лица чиј месечен нето приход во семејството е помал од 60% од просечната нето плата во Републиката во претходната година, а платиле партиципација во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во износ повисок од 20% од просечната месечна нето плата остварена во Републиката во претходната година, 4.366,00 денари , се ослободуваат од плаќање на партиципација за здравствени услуги, освен за лекови на рецепт и лекувањето во  странство, до крајот на годината.

  1. Ако осигурените лица деца од 1 до 5 години возраст, кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во износ повисок од 20% од просечната месечна нето плата остварена во Републиката во претходната година, 4.366,00 денари се ослободуваат од плаќање на партиципација за здравствени услуги, освен за лекови на рецепт и лекувањето во странство, до крајот на годината.
  2. Ако осигурените лица деца од 5 до 18 години возраст и лица постари од 65 години, кои во текот на една календарска година платиле учество во специјалистичко-консултативна и болничка здравствена заштита во износ повисок од 40% од просечната месечна нето плата, 8.731,00 денари се ослободуваат од плаќање на партиципација за здравствени услуги, освен за лекови на рецепт и лекувањето во странство, до крајот на годината.

Износот на просечна месечна нето плата по работник за минатата година го објавува Државниот завод за статистика на крајот на месец февруари секоја година. Минатата година (2015) издадени се вкупно 1.306 решение за ослободување и рефундација на повеќе наплатена партиципација.

Со електронската услуга е-барање за добивање на решение за ослободување и рефундација на повеќе наплатена партиципација, осигурениците ќе можат самостојно да поднесат електронско барање како и да ги прикачат сите потребни документи (скенирани) преку својот профил на порталот на Фондот. Истите ќе треба да ги потпишат со својата електронска здравствена картичка. Осигуреникот преку порталот ќе може да го следи статусот на своето барање во кој се наоѓа со што во секое време ќе има информација до каде е неговиот предмет на решавање и кога ќе се рефундираат средствата. Барање за рефундација може да поднесе самиот осигуреник за себе или за член на неговото осигурување. По решавањето на предметот, осигуреникот решението ќе го добие по пошта на домашна адреса

Третата електронска услуга што Фондот денес ја презентира е поднесување на електронско барање за издавање на двојазичен образец. Со оваа услуга се овозможува барањата за остварување на правата од областа на здравствено осигурување од меѓународните договори за социјално осигурување осигурениците да ги поднесуваат  електронски преку личниот профил на Порталот на Фондот.

Двојазичните обрасци, најпластично кажано претставуваат здравствени книшки на македонски јазик и јазикот на земјата во која ќе престојува. Со двојазичниот образец нашиот осигуреник се изедначува во правата со осигуреникот од таа земја. Нашиот осигуреник со овој образец може да користи итни и неопходни здравствени услуги без притоа да го плаќа целосниот износ на лекувањето. Ние имам склучено вакви конвенции со 16 земји од опкружувањето и европската унија. (целосната листа е истакната на веб страната на ФЗО во делот меѓународни договори).

Договорите (конвенциите) имаат за цел обезбедување и заштита на правата од социјалното осигурување при:

-Упатување на привремена работа во држава со која РМ има склучено(превземено) Договор за социјално осигурување

При што се поднесува Образец на барање Д1 – Барање за издавање на двојазичен образец  за работници  упатени на привремена работа во држава со која РМ има склучено (превземено) Договор за социјално осигурување, со пропратната документација. Во 2015 година по овој основ издадени се вкупно 30 двојазични обрасци.

-Привремен престој по други основи во држава со која РМ има склучено(превземено) Договор за социјално осигурување

  • приватно или службено патување,
  • студиски престој,
  • школување,
  • стручно усовршување,
  • престој во врска мешународна-техничка,
  • научна и културна соработка и сл.

При што се поднесува Образец  на барање  ПП1 – Барање за издавање на двојазичен образец за остварување на право на здравствено осигурување за време на привремен престој, со пропратната документација. Во 2015 година по овој основ издадени се вкупно 3289 двојазични обрасци.

-Постојан престој на пензионери и нивни членови на семејства и на членови на семејства на активни осигуреници во држава со која РМ има склучено(превземено) Договор за социјално осигурување

При што се поднесува Образец  на барање ПП4—Барање за издавање на двојазичен образец за остварување на право на здравствено осигурување за време на постојан престој (живеење) во држава со која РМ има склучено (превземено) Договор за социјално осигурување, со пропратната документација. Во 2015 година по овој основ издадени се вкупно 110 двојазични обрасци.

-Престанок на постојан престој на пензионери и нивни членови на семејства и на членови на семејства на активни осигуреници во држава со која РМ има склучено(превземено) Договор за социјално осигурување

При што се поднесува Образец  на барање ПП4/1—Барање за издавање на двојазичен образец за престанок на претходно дадено право на здравствено осигурување за време на постојан престој (живеење) во држава со која РМ има склучено (превземено) Договор за социјално осигурување, со пропратната документација. Во 2015 година по овој основ издадени се вкупно 37 двојазични обрасци.

За користење на овие услуги, осигуреникот треба да биде регистриран на порталот на ФЗОМ (да има сопствен профил на порталот), да има компјутер со интернет пристап, како и читач и електронска здравствена картичка.

Со новите електронски услуги ги постигнуваме следниве цели:

  • Поедноставување на постапката за поднесување барање за ослободување и рефундација на повеќе наплатена партиципација;
  • Информација за статусот на барањето за рефундација во било кое време;
  • Информација за рефундација на средства
  • Намалување на хартиената документација
  • Користење на ЕЗК
 
 
16.02.2016 - 13:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега