Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за транспорт, врски и екологија, за земјоделство, шумарство и водостопанство и за труд и социјална политика.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, врски и екологија е јавната расправа на тема „Предлог- закон за скијалишта“.

Членовите на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство е Предлог на закон за дополнување на Законот за земјоделство и рурален развој поднесен од пратеници од опозициските партии, а на Комисија за труд и социјална политика, пак, ќе се расправа за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за минимална плата во Република Македонија поднесен од пратеникот Павле Трајанов. 

 
 
16.02.2016 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега