Невообичаено високи температури за овој период од годината: Временска прогноза
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умЕрен до повремено засилен јужен ветер.
Утринската температура ќе се движи од шест до 11, а дневната од 17 до 23 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 21 степен.
До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен до повремено засилен јужен ветер.
Во четврток ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу пет степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа