Ова ќе ве изненади: Користите Вибер, но овие трикови сигурно не ги знаете

 

Вибер е апликација која одамна ја освои љубовта на своите корисници, но не се сите запознаени со сите нејзини функции. Ако ве интересира како да ја подобрите работата на апликацијата, еве како тоа да го направите

1. Скријете ја информацијата кога сте биле уклучени

Одете во “Подесувања“ - “Приватниост“ и исклучете го статусот “на мрежа“. Дури и да влезете на Вибер, никој нема да знае за тоа.

2. Сокријете го статусот за гледањето на пораките.

За да не дознае оној кој ја пратил пораката, дека сте ја прочитале поракатам, влезете во “Подесувања“ и изберете ја опцијата “Известувања“ и исклучете ја опцијата “Покажи преглед на пораките“.

3. Не ја преоптоварувајте меморијата на телефонот

Гласовните пораки од четот на Вибер, автоматски се зачувуваат во телефонот. За да не ја преоптоварувате меморијата, најдобро е да ги избришете. Влезете во “Подесувања“ - “Медија“ и кликнете “Избришете ги гласовните пораки“

4. Сокријте ја профилната слика од непознати корисници

Ако не сакате сите да ја гледаат вашата слика, влезете во “Подесувања“- “Приватност“ и сокријте ја со “Покажи ја својата слика“. Сега корисниците кои не се на вашата листа пријатели, нема да ја гледаат вашата слика.

5. Тргнете го статусот користи апликација

Уште една можност, практично сите апликации и игри кои ќе ги инсталирате во телефонот, синхронизирани се со Вибер. На тој начин тие стануваат видливи и за другите корисници од вашата контакт листа. За да ја исклучите оваа опција, одете во “Подесувања“- “Приватност“ и исклучете ја опцијата “Користи апликација“.

6. Ставете лозинка

Ако не сакате некој да ви ги чита вашите пораки, можете да ставите Вибер лозинка. Самиот месинџер нема таква опција, но овој програм можете да го преземете од App store и да го инсталирате за неколку минути.

7. Инсталирајте го ВИбер на својот компјутер

Уште еден корисен совет во врска со користењето на оваа апликација- допишувајте се со другите преку својот компјутер сосема едноставно. Само инсталирајте го во вашиот компјутер.

 
 
15.02.2016 - 18:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега