Општините во напредна реализација на проектот „Купи куќа за млади“, индустриските зони се градат во полн ек

 
Општините во напредна реализација на проектот „Купи куќа за млади“. На денешниот работен состанок тие споделија позитивни искуства од изградбата на индустриските зони и создавањето на нови работни места.

 

Градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески потенцира дека за овој проект се предвидува типска населба „Градина“ со 424 градежни парцели на површина од 413.880 метри квадратни.  368 се парцели за индивидуално и 24 парцели за колективно домување. Предвидени се  7 мали комерцијални објекти, 7 големи трговски единици, парцели за основно училиште и објекти за спорт и рекреација. Оваа година ќе почнат и со градба на инфраструктура.

Градоначалникот говореше и за изградбата на индустриските зони кои се од голема важност за развој на градот.

Од зоната Прилеп 1 „Металец“ на која има 23 градежни парцели на површина од 200.000 метри квадратни за лесна и незагадувачка индустрија, слободни се уште само 2 парцели. Распродадени се 21, а во тек е изградба на инфраструктура.

zona-prilep1

-Локалната самоуправа со помош на Владата и Министерството за финансии, обезбеди средства за изградба на инфраструктура во зоната. Моментално има поставено канализација, водовод, електрична мрежа, оптички кабли, се градат патиштата. За брзо време ќе биде комплетирана целата зона, меѓутоа ако се продадат и тие две атрактивни локации ќе биде уште подобра шанса некои домашни и странски инвеститори да ги купат. Оваа зона е доста атрактивна бидејќи е веднаш до регионалниот пат за Битола и магистралниот пат, има во близина железничка пруга, комплетна инфраструктура, рече Ристески.

Во близина на оваа зона, готова со деталниот план е и индустриската зона „Прилеп 2“. Таа е распространета на поврзшина од 36.000 метри квадратни и има 16 градежни парцели за лесна и незагадувачка индустрија. Од нив 14 се слободни, а зоната има простап до целосна инфраструктура.

zona-prilep2

Во општина Петровец за проектот „Купи куќа за млади“ се предвидуваат 517 парцели за домување на површина од 31,8 хектари.

– Мултифункционална зона “Ќојлија”е на површина од 196 хектари има 77 парцели лесна незагадувачка индустрија кои се продадени. Имаме 4 парцели за хотели кои исто така се продадени, 2  парцели за бензински пумпи продадени и се гради. Имаме италијанска инвестиција за образование на 5 хектари, а оваа година ќе започнат со градење на универзитет. Во моментов во зоната функционира една фабрика, една ќе се отвора за месец ипол, а уште 17 други инвеститори во моментов градат, рече градоначалникот на Петровец.

kojlija-petrovec_

Мултифункционална зона „Ржаничино” има 175 парцели со намена за домување. Од нив 43 се приватни на површина од 13.9 хектари. 132 парцели за продажба од кои 102 продадени и уште 30 слободни. Има 24 парцели со намена индустрија од кои 13 продадени и 11 слободни на површина од 13 хектари.

Меѓу Ржаничино и Катланово се работи на нова индустриска зона на која ќе има 5 нови парцели на површина од 6 хектари и уште една нова зона меѓу Ржаничино и Таор на која што ќе има 6 нови парцели на 10 хектари.

rzanicino

Во мултифункционална зона “Долно Коњари” има 49 парцели за домување од кои 29 продадени и 20 слободни на површина од 7.3 хектари. Од 17 парцели со намена за индустрија само 1 слободна површина од 4.4 хектари.

zona-vinica

Градоначалникот на општина Виница, Емил Дончев истакна дека за проектот „Купи куќа за млади“ се понудени три локации, Салнова ливада, Падарница и Блажева Падина

-За едната локација веќе сме договорени со Министерството за транспорт и врски. Вкупната површина ќе биде 5,5 хектари и ќе има можност за над 100 куќи, истакна Дончев.

Градоначалникот се осврне и на индустриската зона.

-Индустриската зона „Исток“ во Виница се наоѓа на 4 хектари, деталниот урбанистички план е донесен во 2010 година и веднаш се продадени 10 од 11 парцели. Една парцела е во процес на денационализација. На четири од парцелите веќе се изградени капацитети кои се во функција, четири се во градба и две во секој момент ќе отпочнат со градба. Комплетно е завршена инфраструктурата, истакна Дончев.

Градоначалник на општина Неготино Ванчо Апостолов истакна дека во општината се развиени три индустриски зони.

-Првата се вика “КП 1000” и се наоѓа на самиот Коридор 10. Во оваа зона има 17 градежни парцели и сите се распродадени за лесна индустрија и стоваришта, и инфраструктурата од инвеститорот ќе почне да се гради во овој месец. Втората индустриска Зона “КО Криволак” која се наоѓа во непосредна близина на првата индустриска зона и е за лесна индустрија, сервиси, стоваришта и е лоцирана. Оваа зона е во фаза на парцелизација и се протега на триесетина хектари. Третата индустриска зона “Дуброво Тремник” има за цел да го дооформи и урбанизира просторот во кој повеќе од 30 години функционираат повеќе големи стопански капацитети. Зоната е со планирани 18 градежни парцели од кои 6 се неизградени и во сопственост на Република Македонија со намена лесна индустрија, сервиси, стоваришта, останатите 12 веќе се изградени и опфаќаат постоечки објект, истакна Апостолов.

 
 
15.02.2016 - 17:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега