Голема поддршка од граѓаните за Темелко: Му пропадна идејата на Заев да ги остави Македонците од Албанија без градоначалник

Се уште расте поддршката за единствениот македонски градоначалник во Албанија Едмонд Темелко, кој во петокот без судска наредба, а по барање на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, беше уапсен за наводни изборни нерегуларност. По безрезервната поддршка од жителите на Пустец, Темелко доби поддршка и од народот во Македонија.

-Еден голем, голем поздрав за нашиот херој и се гордеам што имаме таков човек. Еден градоначалник кој што ги брани правата на Македонците во Албанија и ова сега што во моментов му се случува на Темелко е срам за Македонија, затоа што обвинителката, тоа што го направи е најголемиот срам за нашата Македонија. Сакам да му кажам дека ние, Македонците, со цело срце и душа го поддржуваме. Јас ќе го поддржам да поднесе тужба за човековите права во Стразбур. Ние Македонците ве поддржуваме и ако треба ќе направиме и една организација заедно со вас, изјави гледачка на емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител ТВ, во која утрово гостуваше Темелко.

-Поздрав до македонскиот херој во Албанија, Темелко. Сакам само да кажам дека намерата на Заев е да ги остави Македонците од Албанија без свој градоначалник, меѓутоа му пропадна идејата , рече друг гледач.

Само за потсетување, на градоначалникот на Пустец не му беше доделена мерка притвор откако Основниот суд Скопје 1 по сериозната анализа на аргументите одлучи дека не постои никаква основа да се одреди мерки притвор за осумте лица лица, меѓу кои е и Темелко.

Тој за медиумите изјави дека истражната судијка донела правилна одлука според сите околности. Судот покажал дека не е против Македонците во соседството и конкретно Македонците од Албанија. Темелко порача дека не се туѓинци и секогаш ќе бидат нераскинлив дел од Република Македонија.

 
 
15.02.2016 - 14:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега