Темелко во „Ја сакам Македонија“: Вакво однесување имаше во времето на Енвер Хоџа

Во своето гостување во емисијата „Ја сакам Македонија“ на Сител, градоначалникот на општина Пустец Едмонд Темелко зборуваше за однесувањето во времето на Енвер Хоџа, поврзувајќи ги минатонеделните случувања со такво исто однесување.

-Јас не сакам да влезам во детали на овие работи, но суштинското е дека брав со моите соработници во Албанија да споредиме дали има сличен ваков случај. Сличен случај кој јас го паметам во режимот на Енвер Хоџа. Се сеќавам едно дете, Вангел Трајанов, во Албанија, во комунистичкиот систем, го уапсија на таков начин и од тогаш ми седеше на ум и не можам да сфатам за обвинението. Неговото обвинение беше „сакаш да избегаш од државата“. За аргумент извадија еден сведок и им рече дека Вангел сакал да избега бидејќи секогаш кога излегувале накај езерото гледал кон Југославија. Значи ако гледал кон Југославија, имал намера да избега. Тоа е тука проблемот, изјави тој.

 
 
15.02.2016 - 12:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега