Темелко: Она за што специјалното јавно обвинителство се сомнева е без никаква основа

Слушнав обвинителката како вели дека мора да се стави мерка притвор бидејќи ќе имало избори во Македонија, а јас повторно ќе сум влијаел. Ова денеска го истакна Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец, говорејќи во врска со неговото приведување минатата недела, во утринската програма на Сител.

 

-На некој му сметало дека сум бил симпатизер на некоја политичка партија, а не разбрав како е работата. Слушнав обвинителката како вели дека мора да се стави мерка притвор бидејќи ќе имало избори во Македонија, а јас повторно ќе сум влијаел. Како да сум бил толку моќен да влијаам во резултатите од изборите во Република Македонија, бидејќи обвде има доста Македонци, за жал, кои немаат информации за Македонците во Пустец, Албанија. Си мислат дека ќе најдат некоја жена на времето која питала или се прости, не знаат дека ние сме со натпросечно образование и ја пратиме политиката. Не може на никој од Пустец да му се каже дека тие од Пустец ќе го расипат резултатот, а се знае дека разликата од позицијата и опозицијата е 200.000 гласови. Обвинението е дека сум влијаел во избирачкиот процес, врбување на луѓе. И плус, поткупување. Тие се сомненија, нема обвиненија, истакна Темелко.

 
 
15.02.2016 - 11:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега