Над 1330 повици за една недела на Ало докторе

1331  повици  во изминатата  недела  од  08.02.2016  година  до  14.02.2016  година  на телефонската линија за медицински  совет Ало докторе.

77007   повици вкупно   од 15.09.2014 година  на 02/15 123   од   кога започна да работи телефонската линија за медицински совет  Ало докторе.

Линијата е достапна секој ден  24 часа со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на различни симптоми на нарушување на здравјето.

25  Доктори  вкупно   се достапни за медицински совет. Повиците  се од граѓани од сите градови на Македонија.

Јавувањата  се  за широк спектар на најразлична симптоматологија, најчесто  за сезонски настинки,покачен крвен притисок,  симптомна болка,покачена телесна температура и кашлици  од  променливото време.

На сите оние лица кои  побараа  медицински совет   на телефонската линија Ало докроре им е дадена   здравствена  помош  со  совет и соодветна симптоматска  терапија.

 
 
15.02.2016 - 08:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега