Груевски се сретна со холандскиот министер за надворешни работи

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Кралството Холандија, Берт Кундерс.

На средбата, информираат од ВМРО-ДПМНЕ, беа разменети ставови и размислувања за актуелната политичка состојба, односите меѓу двете држави и интеграциските процеси важни за Република Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Груевски го запознал својот соговорник со актуелната политичка состојба при што посочил дека престојните избори на 24-ти април се неопходни поради излез од наметната политичка криза и добивањето на стабилна влада, која е клучен елемент за продолжување на реформите и мерките насочени кон подобрување на стандардот на граѓаните како и справување со предизвиците поврзани со мигрантската криза.

Груевски изразил уверување дека за ВМРО-ДПМНЕ суштински важно е изборите на 24-ти април да бидат фер и демократски при што ќе биде испочитувана волјата на мнозинството граѓани. Тој посочил дека граѓаните се тие кои ќе одлучат на избори за иднината на земјата и дека изборите како такво се врвно демократско право.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласил дека и понатаму стратешка цел претставува членството во Европската унија и НАТО, како и примена на принципите и вредностите кои произлегуваат од оваа стратешка цел.

Соговорниците ги потврдиле добрите и пријателски односи меѓу двете држави кои се карактеризираат со заемно почитување и поддршка.

 
 
14.02.2016 - 13:07
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега