ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Еве што ќе се случи ако на Свети Трифун врне дожд

Свети маченик Трифун - Заштитник на градинарите и на лозарите 

Се родил околу 225 година во селото Комсада, во римската малоазиска провинција Фригија. Родителите му биле христијани, а така и го воспитале, така што уште од мал имал голема љубов кон Бога. Кога во 249 година на римскиот престол дошол Декиј Трајан, за христијаните почнал еден од најлутите прогони во последните три века. Славата за доблесниот живот и чудата што ги правел свети Трифун дошла и до тогашниот управник на источните римски земји Аквилијан. Тој под стража го довел свети Трифун во Никеја, седиштето на источната власт. Изведен пред суд, свети Трифун не се откажал од Христа и по долго измачување пострадал маченички.

Постои верување дека ако на овој голем празник падне снег или пак врне дожд, годината ќе биде сушта и неплодна. Во некои места се верува дека штити од глодари, па се отвараат ормарите преку ноќ. Се верува дека од овој ден ако има снег, тој почнува да се топи, а доколку има сонце годината ќе биде плодна.

 
 
14.02.2016 - 10:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега