ВРЕМЕНСКА: Како ќе заврши викендот?

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне со повремени локални врнежи од дожд кои ќе бидат позастапени во крајните западни и јужни делови од земјата. Преку денот ќе дува умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до шест, а дневната од 11 до 19 степени.

Во Скопје променливо облачно време со сончеви периоди и со умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до два, а дневната ќе се искачи до 14 степени. 

 
 
14.02.2016 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега