Груевски најави изградба на современа спортска сала во Охрид

Изградба на нова спортска сала за потребите на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св Апостол Петар и Павле“ во Охрид, најави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Како што рече Груевски изградбата на современата спортска сала ќе започне во текот на 2017 година. Подготвителните активности се веќе започнати.

Салата ќе биде наменета пред се за студентите на Универзитетот, но во слободните часови ќе можат да ја користатат и граѓаните на Охрид.

 
 
13.02.2016 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега