Груевски: Поддршка на иновациите и нивно стимулирање

Нови седум мерки и проекти за младите објави денес претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Eден од проектите е и организирање на саем на средношколски иновации, што ќе значи поддршка на иновациите и нивно стимулирање и оделотворување.

-Во таа насока предвидуваме подршка за најдобрите иновативни проекти на таленитираните ученици, односно поддршка на иновативноста уште од најмали години. Сите млади иноватори од основните и средните училишта врз основа на јавен повик еднаш во текот на годината ќе имаат можност да добијат соодветна логистичка и финансиска подршка за промоција и релизација на својата иновативна идеја, изјави Груевски .

Министерството за образование и наука и Фондот за иновации ќе вршаат рангирање на пристигнатите апликации.

 
 
13.02.2016 - 15:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега