Ограбена црквата во Чаир

Во црквата „Св. Ѓоргија“ на ул.„Панче Неделковски“ во Скопје вчера е извршена тешка кражба од страна на засега непознат сторител. 

Од МВР денеска соопштија дека во Полициската станица „Бит Пазар“, С.П. (52) од Скопје вчера пријавила дека  истиот ден во црквата „Св. Ѓоргија“ од страна на непознат сторител била извршена тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил касата, по што одзел околу 4.000 денари, и го напуштил местото на настанот.

Се превземаат мерки за целосно расчистување на случајот. 

 
 
13.02.2016 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега