Влегол со пиштол: Ограбена уште една бензинска во Скопје

Ограбена бензинска пумпа на „Макпетрол“, од која крадецот одзел околу 1.600 евра.

Како што соопшти МВР, вчера околу 17:45 часот во Скопје на булеварот „Македонско Косовска Бригада“  непознат сторител маскиран и вооружен со пиштол, од вработениот одзел околу 100.000 денари по што го напуштил местото на настанот.

Полицијата информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и целосно расчистување на кривичното дело. 

 
 
13.02.2016 - 13:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега