Вардар поразен на гостувањето кај Рајн Некар Ловен
Македонскиот ракометен првак Вардар е поразен на гостувањето во Германија од Рајн Некар Ловен со 28-27.
На натпреварот од 11.коло во Лигата на шампионите одигран вечерва во Франкфурт македонскиот шампион не успеа да го совлада силниот германски тим кој благодарение на поголемата среќа, но и неври во финишот на мечот стигфна до минималната победа.
Во редовите на Вардар најефикасен беше Сергеј Горбок кој средбата ја заврши со 7 постигнати гола, додека Алекс Душебаев и Тимур Дибиров постигна по 5 гола.
По овој пораз црвено-црните остануваат на петата позиција на табелата сега со три бода помалку од Рајн Некар односно еден од унгарски ПИК Сегед.
Ова беше дуел од Б групата во која попладнево се одигра и средбата Кристијанштад – Киелце која заврши без победник 35-35.
Преостанатите два меча од оваа група ќе се играат во недела, а во нив ќе се сретнат, Монпелје – Барселона и Пик Сегед – Колдинг.
Во групата А, вчера беше одигран првиот меч во кој ПСЖ како гостин го победи ППД Загреб со 25-23. Во оваа конкуренција во сабота ќе играат, Висла – Целје и Бешикташ – Веспрем, а дуелот меѓу Фленсбург – Кил ќе се игра во недела.
А група – табела: ПСЖ 16 бодови, Фленсбург 16, Веспрем 15, Кил 11, ППД Загреб 9, Висла 8, Целје 3 и Бешикташ 2.
Б група – табела: Барселона 15 бодови, Киелце 15, Рајн-Некар 15, Пик Сегед 13, Вардар 12, Монпелје 7, Кристијанштад 5 и Колдинг 2.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа