ГРОМ: Кривична до СДСМ- Кому му служат калкулациите на Јанева?

Од самиот почеток на политичката криза, ГРОМ укажува дека Специјалното јавно обвинителство е противуставно и спротивно на позитивните закони во Република Македонија, а сега тоа се потврдува и во пракса.

Овие факти беа повод, денес, генералниот секретар на партијата  Виктор Цветковски даде изјава за медиумите. Во таа пригода тој истакна дека во објавените снимки од незаконското прислушкување беше објавен и негов разговор во кој немаше ни „к“ од криминал.

-Поради нарушена приватност, а согласно законските прописи во кои државата е таа која е соодветна да ме заштити ( бидејќи истата ги уредува електронските комуникации), поднесов кривична пријава против СДСМ во Основното јавно обвинителство во Куманово. Истата оттаму беше отфрлена со образложение да гонам по приватна тужба. Се разбира дека на ова се жалев до Вишото јавно обвинителство, кое ми ја уважи жалбата и му наложи на Основното јавно обвинителство да гони по службена должност, потенцираше генералниот секретар на ГРОМ, Виктор Цветковски.

Со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, овој предмет бил префрлен во надлежност на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, која оваа пријава ја отфрлила, со напомена до тужителот, Цветковски да гони по приватна тужба. Поради оваа новонастаната ситуација, Виктор Цветковски ја прашува обвинителката како граѓанин, адвокат, и секретар на ГРОМ: во кој правен поредок и кое обвинителство на поднесена кривична пријава се одговара со известување, а не со решение? Згора на се, во ова известување немате правна поука, и ми го скратувате со Устав гарантираното право на жалба, со што покажувате основно непознавање на законите. Ова е еклатантен доказ за двојството во пракна на кое укажување ГРОМ како политичка партија во изминатиот период.

Понатаму Цветковски ја праша Јанева што е тоа, што ја натерало во изминатиот месец целосно да ја смени својата одлука ( еднаш да ја прифати, а потоа да ја врати пријавата), што не е ниту по Закон ниту по Устав. Секретарот на ГРОМ исто така укажа дека Катица Јанева не треба да го штити СДСМ, кои се мешаат во неговиот приватен живот, и дека со ова известување таа ја девалвира функцијата обвинител и ја доведува во прашање сопствената стручност и компетентност.

-Госпоѓо Јанева, од вас, рече Цветковски, се бара да работите по закон и да им застанете на патот на оние кои го прекршиле законот, без никакви калкулации, затоа што за тоа сте формирани како обвинителство, а самата вие  за негов прв човек.

На крајот, Цветковски потенцираше дека тој лично и ГРОМ како политичка партија, ќе поднесат претставка до Советот на јавните обвинители, затоа што известувањето пратено до него е непознат правен акт во нашиот закон за кривична постапка .

 
 
11.02.2016 - 16:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега