Снег во Македонија - еве каде вее во моментов

Слаб снег провејува на Попова Шапка и на планинскиот превој Стража, додека во Дебар врне слаб дожд. Сообраќајот на сите државни патишта се одвива  без забрани и застои, по влажни коловози, информира Автомото сојузот на Македонија.

Според информација добиена од МВР, денеска од 8 до 22 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија,  поради штрајк на грчките земјоделци.           

Утрово од 10:10 часот од страна на такси возила  и автобуси , целосно е блокиран сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ на влез-излез од Македонија на  дел од автопатот Гевгелија- ГП„Богородица“, во близина  на бензиска пумпа „Шимов“. Истиот неофицијално ќе трае околу 2 часа, стои во соопштението на АМСМ

 
 
11.02.2016 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега