Марк и Никола од „Брза кујна“ на натпревар во Турција

Македонските готвачи-шефови на кујни зедоа учество на 14. Светски гастрономски натпревар кој се одржува во Истанбул. Меѓународниот антпревар на кој учествуваат 2.000 готвачи од 25 земји започна вчера, а ќе трае до недела. Меѓу шесте наши претставници е и Бобан Симоновски, главниот готвач во Скара Бар.

Ова е прв натпревар од ваков вид на кој се натпреваруваат и готвачи од Македонија. Станува збор за еден од најголемите интернационални натпревари, кој го организираат WACS и COCFED – Cooks and Chefs Federation of Turkey (Федерација на готвачи и шефови на Турција).

Годинава во трите натпреварувачки денови, своето знаење и вештини ќе ги презентираат 2.000 готвачи и шефови на кујни од 25 земји-учеснички распоредени во 70 различни категории, екипно и поединечно. За рангирањето и изборот на најдобрите ќе се погрижат 100 интернационални судии.

Македонија за првпат учествува како национален тим под патронатот на Здружението на готвачи „ГАСТРО МАК“ Скопје.

„ГАСТРО МАК“ во Истанбул го предводат: Адријана Алачки, претседател и автор на емисијата „Вкусот на традицијата“, Љупчо Гиевски, шеф на кујна во хотел „Александар Палас“, Никола Мишковски, шеф на кујна во ресторан „Камник“, Марк Де Јонг, интернационален шеф, Зоран Андонов, шеф на кујна во „Албис“ – Гостивар, Бобан Билбиловски, шеф на кујна во „Електра гарден“ – Тетово, Бобан Симоновски, шеф на кујна во „Скара бар“ и Јетон Таравари, помошник-шеф на кујна во „Албис“.

 
 
11.02.2016 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега