Владините проекти за младите се одговор на нивните барања и потреби

Младите луѓе во изминатите два месеци добија точно 20 проекти, кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски. Тие предизвикаа ултра голема популарност кај младите, студентите средношколците а истите преставуваат одговор на нивните барања и потреби. Решавање на крупните животни прашања, стипендии, обуки, спортска и културна инфраструктура, поволности и бесплатни превози се само дел од овие проекти за младите.

Со проектот „Купи Куќа“ под исклучително поволни услови се овозможува младите до 35 години да си го решат стамбеното прашање и да дојдат до свој дом, до своја куќа. Овој проект е надграден со дополнителнителна иницијатива општините раководени од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ да понудат парцели за изградба на типски населби, со најмалку или повеќе од сто куќи, каде младите ќе може преку проектот купи куќа да дојдат до свој дом.Месецов започна и караван „Купи куќа за млади“ каде ќе се појаснуваат особеностите и можностите кои ги нуди проектот. Почетниот интерес е повеќе од задоволителен.

Презентацијата ќе опфати посебно појаснување на условите за младите не постари од 35 години кои можат да ги добијат субвенциите од Владата доколку платата на двајцата брачни другари е помала од 1.300 евра или доколку поединец има помала плата од 900 евра месечно. Рокот на отплата  на кредитот е најмалку 20 години со можност за предвремена отплата по 12 години за моделот рата  или по десет години за моделот учество.

Моделот субвенција на рата овозможува поддршка од Владата за отплата на месечната рата во висина од 80 отсто во првите осум години и 50 отсто од ратата во 9-тата, 10-тата и 11-тата година од периодот на отплата на кредитот чија што каматна стапка во првите три години изнесува 3,95 отсто и 4,44 отсто за четвртата и петтата година по кое каматата ќе ја одредува банката, но таа не смее да биде повисока од каматната стапка на другите станбени  кредити.

Одлично функционира и бесплатниот превоз за сите редовни студенти од државните универзитети во јавниот градски сообраќај, секој ден во неделата, на сите линии, активно се применува. И во првиот месец на примена, над 12.500 студенти започнале да ја користат и овој број постојано расте и тој број се движи 15 илјади.

– Почнувајќи од први јануари 2016 година, а заради грижа за повисок студентски стандард, на сите редовни студенти на државните универзитети ќе им биде овозможен бесплатен превоз во јавниот градски сообраќај, односно во јавниот автобуски превоз во Скопје и во другите градови каде што има организиран јавен автобуски превоз. Сите редовни студенти од државните универзитети ќе можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии. Со оваа мерка е предвидено на сите редовни студенти од државните универзитети да им се доделат картички од ЈСП-Скопје и од другите јавни претпријатија во градовите каде што има јавен автобуски превоз, за да можат бесплатно да ја користат услугата на јавните сообраќајни претпријатија. За да се имплементира оваа мерка, Владата ќе исплаќа трансфери на средства кон соодветните единици на локална самоуправа – изјави Груевски при најавата на мерката.

А истиот огромен интерес е и за мерката средношколска среда со кој се обезбедија бесплатни билети за театрите, музеите, кината и бесплатен превоз на жичарницата на Водно за средношколците.

– Следејќи ја успешната приказна на проектот „Слободен четврток“ наменет за студентите, преку овој нов проект, кој се вика „Средношколска среда“, ќе се стремиме да ја подигнеме мобилноста, квалитетот на забава и посетеноста на културните институции како театри, музеи и кина од средношколците.

Веќе се предвиде во програмите на министерството и се направиле сите подготвителни активности,  за мерката со која се обезбеди бесплатно наградно патување за најдобрите студенти на трите најдобро рангирани универзитети во Република Македонија кои се пред дипломирање и веќе во мај јуни оваа година ќе отпатува првата група студенти на една од трите предвидени дестинации за Париз, Венеција и Барселона.

– Владата планира мерка која ќе ги стимулира студентите да се борат преку учење и знаење да бидат меѓу најдобрите и најквалитетните. Таа стимулативна мерка предвидува за оние студенти на државните универзитети кои ќе имаат најдобар успех во студирањето, поточно кои дипломирале со просек над 9.50 на еден од првите три највисоко рангирани универзитети во Македонија, Владата секоја година ќе обезбеди наградно патување со авион во една од трите најатрактивни дестинации Париз, Венеција или Барселона со целосно покриени трошоци за авионски билет, покриени хотелски трошоци и исхрана, истакна Груевски.

Се работи и на проектот за обезбедување на перални и сушални во државните студентски домови со што ќе задоволи една долгогодишна нивна потреба и барање.

-Низ нашата комуникација со студентите се судривме со овој значаен проблем кој ни беше посочен од нивна страна и кој можеби целокупната јавност и не е току приоритетен. Но, за над 6.500 студенти во домовите значи проблем за нивно функционирање но и финансиски товар за нивните буџети. Во насока на задоволување на потребите на студентите сместени во студентските домови и зголемување на студентскиот стандард, ВМРО-ДПМНЕ следејќи ги најновите позитивни искуства применувани во студентските домови во повеќе европски држави, се реши да ги опреми со нови перални и сушални сите 10 постоечки студентски домови во Македонија. Вкупно за сите студентски државни домови се предвидени 50 машини за перење и 50 машини за сушење, распоредени во зависност на бројот на студентите во секој од нив. Со ова ќе се надмине еден реален и долгогодишен проблем на студентите сместени во државните студентски домови и ова ќе биде задоволување на уште едно барање на студентите, додаде Груевски.

Исто така започнале и првите координативни состаноци за имплементација напроектот Инвестирај во својата иднина со кој ќе се овозможат стипендии за постдипломски и докторски студии за студенти од семјества со пониски приходи кои во претходното образование постигнале просек од 8,5.

– Наша цел која сакаме да ја оствариме со овој проект, потенцира Груевски е, да им овозможиме на оние кои сакаат да се надоградуваат, а немаат финансиски можности. Заинтересираните ќе можат да добијат максимум 100 бодови, до 20 за постигнатиот успех, до 60 за материјални можности, 10 бодови ќе добиваат студенти кои до 18 години имале статус на деца без родители и родителска  гража, деца на самохрани родители, со посебни потреби, деца од приматели на социјална помош…, а дополнителни 10 бодови ќе добијат студенти кои се на студиска програма на технички и медицински студии, рече Груевски.

 Се прават неопходните припреми за стартување на проектот за бесплатен железнички викенд кој ќе започне да се применува согласно планираното од наредниот месец. Со ова  младите до 27 години ќе имаат можност за добивање на бесплатен повратен билет кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај, секоја прва и трета недела од месецот.

– Преку овој проект младите до 27 години ќе имаат можност да добиваат бесплатен повратен билет со кој ќе може да го користат железничкиот сообраќај секоја прва и трета недела од месецот во периодот на викенд односно од петок по 12 часот до понеделник до 12 часот, рече Груевски.

Со овој проект, нагласи, ќе им се овозможи на младите поголема мобилност и можност да посетат многу места во земјава, но претставува и значителна финансиска поддршка и заштита на стандардот на младите.

– Оваа мерка е практично проширување и збогатување на можноста која и досега постоеше за бесплатно патување во железничкиот патнички сообраќај за млади лица до 27 години, во третиот викенд во месецот што започна во јули 2014 година. За проширување се одлучивме поради исклучително позитивните резултати и големиот интерес кај младите, рече Груевски.

До крајот на овој месец, во последната недела од февруари ќе биде објавен иогласот за бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади до 29 години и почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица ќе бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд.

-Во насока на зголемување на конкурентноста на пазарот на трудот, млади лица до 29 години ќе имаат можност за посета на обуки за познавање на компјутерски вештини и странски јазици, со што ќе им се помогне на младите за стекнување на соодветни знаења, потребни за воведување во работниот процес. Овој проект предвидува секоја година, почнувајќи од март 2016 година, 2000 млади лица на возраст до 29 години да бидат вклучени во обуките и тоа 1000 лица за компјутерски и исто толку за јазични вештини, изучувајќи ги светските јазици кои се најпотребни во моментот на пазарот на труд, односно англиски, германски и француски, ширум територијата на Република Македонија. Ќе постојат три нивоа на изучување на јазиците и тоа почетен, среден и напреден. За таа цел кон крајот на февруари оваа година ќе биде распишан јавен повик преку АВРМ со цел да се пријават заинтересираните кандидати, додека селекција на кандидатите ќе биде по принципот успех на студии согласно ранг на универзитетот, 35 бода и социјален статус кој ќе носи и до 65 бода. А за младите кои не студираат, ќе се земе во обзир само социјалниот статус, сметајќи го вкупниот приход во семејството на годишно ниво. Со оваа мерка им се помага на младите да се стекнат со вештини и знаења потребни и барани на пазарот на трудот. Покрај активните мерки за вработување кои се нудат преку Агенцијата за вработување на Република Македонија, ова ќе биде можност плус за оваа категорија на граѓани. Значи секоја година по 2000 лица, за 4 годишен мандат 8000 лица, истакна Груевски..

Активно се работи во центарот на градот Скопје на зградата каде ќе биде сместена големата мултифункционална читална во Скопје, како и новото матично кое го ветивме. Минатата сабота, за прв пат започнаа да се користат и новите алтернативни ексклузивни простории- на Музејот на македонската борба, каде се случи првата регистрација на брак и просториите на Порта Македонија.

Се превземаат првичните активности на планирање и кординација за реализација на проектот за изградба на 150 мултифункционални баскет игралишта, нов мега проект со кој младите ќе добијат нов простор и можност за спротување, како и изградба на  фитнес зони во 18 општини во државата кои ќе започнат да се градат оваа есен.

Министерството за култура веќе започна и со планирање на комплексниот процес за комплетно реновирање на Универзитетската Библиотека во Скопје, а министерството за образование и наука почна со подготвителни активности за отворање и опремување на нови читални во Струмица, Аеродром и Велес.

Ќе се обезбеди сигурно вработување на најдобрите студенти на додипломски студии.. Ова е најсилен потик за оние кои се трудат и инвестираат во своето образование. За таа цел веќе се работат  измените и дополнувања на Законот за административните службеници како и други посебни закони, и донесување на подзаконскии акти во кој ќе се предвидат критериумите за определување на најдобри студенти;

Средношколците го добија и проектот “Млади амбасадори” со кој сите оние кои доколку освојат награда на една од 12-те интернационални научни олимпијади ќе им се додели стипендија во текот на 12 месеци по освојувањето на наградата.

–        За освоен златен медал, по 12000 денари месечно

–        За сребрен медал, 10000 денари месечно

–        За бронзен медал, 8000 денари месечно

 

Младите од Кавадарци, Тетово, Куманово, Охрид и Штип ќе добијат на нови скејт паркови. А скопјани и цела Македонија ќе добие и уникатенотворен амфитеатар со 9000 седишта на локалитетот Скупи.

Градот Скопје работи на подготвителните активности за комплетно реновирање на градската библиотека Браќа Миладиновци, а откако Груевски најави, веќе градоначалникот на Битола започна со плановите за целосна реконструкција и ставање во функција на Офицерски дом- Битола.

 
 
11.02.2016 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега