„Не се секирај се ќе негираме“


Главниот и одговорен уредник на Тв Сител вчера во централниот Дневник објави дел од комуникацијата меѓу Заев и семејството на прво осомничениот во Фабриката за афери на СДСМ, Захир Бекири Чауш.
Според информациите кои ги објави Сител, Чауш и Заев во период од неколку месеци размениле дури 60 телефонски повици.
Според истите податоци, Заев разговарал со братот на Захир Бекири Чауш во моментот кога полицијата ја спроведувала акцијата.

Во текот на вечерните часови, Заев разменил и порака на Вибер со сопругата на Чаушот.

Од истата порака јасно може да се види дека Заев добро бил запознаен со активностите на Фабриката за афери, бидејќи сопругата на Чауш му вели дека ги земале сите лични карти, а Заев потенцира дека се ќе негираат.

Лидерот на СДСМ вчера рече дека станува збор за монтажа, но не одговори кои се луѓето кои стојат зад него.

Латас пред камерите покажа комплетен листинг од комуникацијата на Заев со Чаушот.

 

 

 
 
11.02.2016 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега