МЕТЕОАЛАРМ: Македонија пред налети на силен ветер

Среда ќе ја одбележи облачно, врнежливо и ветровито време. Врнежите ќе започнат доцна претпадне во крајните делови од западниот крај, а ќе се шират на исток во текот на доцна попладневните часови.

Во западниот регион врнежите ќе се интензивираат доцна попладне, додека истовремено во источниот крај интензитетот на врнежите ќе биде претежно слаб. Постои можност само во осоговскиот крај дождот повремено да „добие на интензитет“.

На планините ќе врне снег, но на висина над 1800 метри во текот на денот, додека оваа висинска граница во текот на ножта ќе се спушти до околу 1200 метри.

Ќе дува засилен до силен јужен ветер.

Максималната температура ќе достигне вредности од 12°С до 14°С низ поголемите населени места во западната и северната половина од земјата, додека на југоисток максималната ќе има вредноати околу 15°С.

 

 

Во Скопје се очекува облачно и ветровито време. Почеток на врнежите се очекува попладне, но истите нема да имаат особен интензитет. Навече се очекува да „забелат“ врвовите на Скопска Црна Гора

 

 

Наутро се очекува минимална температура околу 2°С, а максимална околу 15°С.

 
 
10.02.2016 - 12:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега