Евростат: Македонија има најевтини прехрамбени производи

Во споредба со останатите европски држави, жителите на Македонија можат да си купат најевтини прехрамбени производи, покажуваат статистичките податоци на Евростат, јавува Нетпрес.

АНализата е направена во 37 европски држави, односно 28 членки на ЕУ, три на ЦЕФТА, четири кандидати за во Европската Унија и две држави потенцијални кандидати кај  500 прехранбени производи, алкохолни и безалкохолни пијалоци и тутунот, јавува дописникот на Нетпрес од Брисел.

Цената на лебот, житните продукти, местото и рибата се со најмал индекс, или скоро 50 отсто поевтини во однос на европскиот просек, додека индексот за цената на маслото и неговите деривати, овошјето и зеленчукот се движи мегу 49 и 72 отсто во однос на европскиот просек.

Норвешка и понатаму останува најскапа држава за живеење.

ФОТО: Идивиди

најчитано сега