ФОТО: Манекенката од најгледаниот спот целосно гола
Манекенката Џиџи Хадид за кратко време стана една од најбараните манекенки во светот. Таа се појави во спотот на Келвин Харис "How deep is your love", кој и официјално е прогласен за најпопуларен спот за 2015. година, со повеќе од 378 милиони прегледи на Јутјуб.
Убавата русокоса се појавила целосно гола за насловната на францускиот „Вог“. Ова е воедно прва ваква насловна за неа.
Црно-белата фотографија ги воодушевила обожавателите на оваа манекенка, која им ги разгорела фантазиите додека седи потполно гола и со едната рака ги покрива градите.
Под фотографијата која ја поставила на својот Инстаграм профил, Џиџи напишала дека на насловната носи само парфем.
Ова е верзија на која носам само „Shanel N°5“, се пошегувала Џиџи покрај фотографијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа