Собранието го изгласа Законот за слободни здравствени зони
Собранието на Република Македонија попладнево со 56 гласови за и 20 против, го донесе Законот со кој се овозможува формирање слободни здравствени зони.
Во второ читање поминаа и Предлог на закон за дополнување на Законот за градење, Предлог на закон за дополнување на Законот за градежно земјиште и Дополнетиот предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони.
Продолжението на седницата по останатите точки од дневниот ред е закажано за утре во 12 часот.
09.02.2016 - 19:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа