Младо момче преживеа хорор кај Бит Пазар
Синоќа во 22 часот и 56 минути во Полициската Станица „Бит Пазар“, 24-годишниот И.Ц. од Скопје пријавил дека истиот ден околу 21 часот и 30 минути на улицата „Џон Кенеди“ од страна на три непознати лица му било извршено разбојништво.
Како што соопшти денеска МВР, на И.Ц. му била одземена ташна во која имало фискален мобилен апарат, мобилен терминал за наплата преку платежни картички, мобилен телефон и 10.000 денари. Лицата го извршиле разбојништвото на тој начин што додека оштетениот се обидувал да го стартува мопедот со кој разнесувал нарачки за јадење, му пришле и започнале со раце да го удират во пределот на главата, односно по заштитниот шлем кој му бил на глава, а потоа едно од лицата со тегнење му ја одзело ташната и со трчање го напуштиле местото на настанот.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилниците.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа