Спасов: Со „Македонија вработува“ до сега отворени над 12.600 работни места, проектот трае до месец април
„Македонија вработува“ на ниво на Република Македонија отвори 12.621 работно место до сега, а проектот трае до крајот на месец април.
Би сакал да ги повикам сите субјекти и приватни компании да ја искористат оваа неповторлива шанса и поволностите кои ги нуди проектот, порача дополнителниот заменик министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, кој во кочанско село Оризари, отвори нова градинка.
-Овој проект покрај тоа што дава исклучителни резултати на нивно на Република Македонија и мене ме радува што општина Кочани е една општините со најголем успех. До крајот на април 2015 година се отворени 675 работни места само во оваа општина и тоа е голема бројка на работни места. А вкупно 220 приватни субјекти ги искористиле поволностите од оваа општина, подвлече Диме Спасов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа