ОБИЧАИ И ВЕРУВАЊА: Заборавете на парите, денеска е најважно да го направите ова!

Денес посредно се спомнува еден од најголемите беседници на Христовата Црква свети Јован, наречен Златоуст, во врска со пренесувањето на неговите мошти од Комана (местото каде се упокои) во Цариград (неговата епископска катедра од која беше протеран).

Тоа стана 30-тина години по неговата смрт, во 438 година. Моштите му беа положени во црквата Свети Апостоли. За време на Латинската империја во Цариград, моштите се однесени во Рим, во катедралата Свети Петар.

Свети Јован Златоуст се смета за еден од најучените светители, па затоа на денешниот празник се смета дека секој верник треба да земе книга во раката и да прочита барем дел од неа.

На денешен ден се смета дека во рацете не треба да се земаат игли и конци, а исто така тој не сака да се работи туку сите да земат книга и да се одморат со неа, а исто така не треба да се размислува за пари.

Доколку сте во можснот одете во црква и запалете свеќа за овој светец.

 

 
 
09.02.2016 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега