До крајот на годината ќе се направи ремонт на дел од армиските летала
Денеска министерот за одбрана на Македонија, Талат Џафери, ги посети Воздухопловната бригада и Центарот за обука на пилоти.
Во постапка сме на ремонт на определен број летала што треба да започне оваа година. Ремонтот треба да се спроведе до крајот на 2014 година и во тој контекст ги подготвуваме сите активности за навреме да почнат сите постапки имајќи ги предвид буџетските средства за таа намена, изјави денеска министерот Џафери и додава дека за разлика од претходните два, на третиот конкурс за пилоти се пријавиле 128 кандидати, од кои 120 ги исполнуваат бараните услови.
Инаку, Центарот за обука на пилоти е отворен 2010 година во соработка со израелската фирма „Елбит“ по принципот на јавно-приватно партнерство за следните осум години, по што Центарот во целост треба да го превземе Министерството за одбрана.
- Согласно склучениот договор работите во однос на целосната изградба и опремување на Центарот треба да завршат до крајот на оваа година, изјави министерот Џафери по посетата на Центарот за обука на пилоти.
Пред присутните во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, се изврши презентација на карактеристиките на хеликоптерите и опремата.
ФОТО: Дневник