Февруари носи невидени температурни шокови: Наредната недела 24 степени а потоа снег

Утринава е пооблачно во западниот регион од земјава, а температурата е нешто пониска во Берово, -5°С (мерење на УХМР во 4 часот), -3°С во Скопје, додека на останатите места температурата е околу 1°С.

Денеска ќе бидеме под влијание на јужно стрење, што пак ќе значи и повисока максимална температура. Таа ќе достигне вредности од 12°С до 14°С низ поголемите населени места во западната и северната половина од земјата, додека на југоисток максималната ќе има вредности околу 15°С.

Се очекува пооблачно да биде во западниот регион во поголем дел од денот, додека на исток ќе има подолги сончеви периоди.

 

 

Утрешниот ден, среда, ќе биде облачен и доста ветровит. Ќе дува умерен, локално и засилен, јужен и југоисточен ветер. Вренежите се очекува да започнат претпладне во крајните западни делови од земјата. Иако дождот ќе се рашири утре попладне на поголем дел од територијата, неговиот интензитет ќе биде прилично слаб, особено во источниот регион.

Навечер врнежите ќе бидат од снег, но само на планините во западниот и северниот крај.

Температурата во однос на вторник ќе биде повисока за околу 2°С.

До крајот на месецот не чекаат серија температурни шокови. Наредната недела се најавува сончево време со температури до 18 степени во Скопје а до 24 во јужните делови на земјата. 
Потоа, следи заладување за да во последните денови од февруари се создадат и узлови за снег.
Сепак, ова се долгорочни прогнози и треба да се земат со мала доза на резерва.

 
 
09.02.2016 - 11:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега