Директорите на ФЗОМ одржаа средба со родители на деца со ендокринолошки заболувања

Директорите на Фондот за здравствено осигурување на Македонија,Сашо Стефаноски и Орхан Рамадани одржаа работна средба со Александар Петровски, претседател на на Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања РАСТ.

На состанокот стана збор за можноста за унапредување на здравствената состојба на оваа група пациенти, соработката со другите релевантни институции, состојбата и статусот на набавување на хормонот за раст како и неговата дистрибуција.

Претседателот на Здружението „Раст“, информираше кои се најновите активности кои здружението ги презема и кои настани здружението планира да ги реализира во иднина и се заблагодари на несебичната подршка на Фондот, која резултираше со обезбедување средства за соодветната терапија на овие деца, преку наменскиот, односно условниот буџет, за таргетирано лекување на овие деца на Детската клиника. Фондот шеста година по ред се осигурува децата да ја добијат навременатa терапија за здрав и нормален развој.

Претседателот на Здружението Раст, Александар Петров, кажа дека од формирањето на Здружението Раст во 2007 година, добиваат максимална и беспрекорна поддршка од Фондот за здравствено осигурување на Македонија и тоа им е една од најголемите мотивации во нивните напори, бидејќи сите деца имаат право да растат здраво.

Раната детекција е исклучително важна, бидејќи растот не е само сантиметри, растот е показател на целокупното здравје. Токму затоа е важно сите релевантни чинители и од здравствениот, но и образовниот и од сите други сегменти во општеството да бидат свесни за потребата од раното препознавање на нарушувањето на растот.

 
 
08.02.2016 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега