Курц: Проблемот е во Грција, Македонија не може сама во борбата со бегалската криза

Министерот за надворешни работи на Австрија, Себастијан Курц денеска во Сараево предупредил дека членките на Европската унија немаат капацитет да примат толку голем број на бегалци како во 2015-та година.

Курц исто така додал дека Македонија не може сама да се справи со товарот на големиот прилив на бегалци, при што клуч на проблемот во целата ситуација е Грција.

Австрискиот министер ги повикал сите држави кои се погодени од мигрантската криза на соработка, бидејќи доколку проблемот не се стави под контрола, тогаш би можело да дојде и до дестабилизација на западен Балкан.

Австрискиот министер потенцирал дека бегалската криза е проблем за сите држави членки на ЕУ и дека тие мора да делуваат заеднички со западниот Балкан за да го спречат неконтролираниот прилив на економските мигранти.

–Мораме да го ограничиме приливот на бегалците. Минатата година во Австрија примивме 90 илјади бегалци, а оваа година не можеме да го сториме истото. Благодарни сме на соработката со земјите како што е Македонија, но за жал од страна на Грција немаше поголемо поместување, рекол Курц

Тој истакнал дека нереално е да се очекува дека Македонија може сама да се носи со еден толку голем проблем.

Според него Грција е клуч на проблемот, бидејќи бегалците таму можат да бидат безбедни, а властите во Атина само ги префрлуваат во другите членки на ЕУ.

-Германија, Австрија и Шведска не можат бесконечно да примаат бегалци. Мора да ја сопреме неконтролираната миграција, рекол Курц.

Целта појаснил тој е да и се олесни на Македонија, бидејќи во спротивно проблемите би можеле да го зафатат целиот западен Балкан.

 
 
08.02.2016 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега