Се пуши во македонските дискотеки и кафеани и покрај забраната: Инспекторите штанцаат казни
Во соработка и координација со УЈП, изминатиот викенд на подрачјето на Кавадарци спроведена е контрола во два угостителски објекта, во однос на почитување на законските одредби од Кривичниот закон, Законот за заштита од пушењето и Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, информираше денеска Анита Стојковска, портпарол на СВР Велес.
- Во дискотеката „Ал Пачино“, констатиран е прекршок од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Затекнати се две малолетни лица присутни во објектот после 24 часот и констатиран е прекршок од Законот за заштита од пушењето, соопшти Стојковска.
При контролата во угостителскиот објект „Експрес Кафе“ , констатиран бил прекршок од Закон за заштита од пушењето.
Стојковска појасни дека се работи за соодветни пријави по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир и против Законот за заштита од пушење. Нагласи дека според чл.21 од Законот за прекршоци против јавниотред и мир и чл. 10 од Законот за заштита од пушење, за физичко лице предвидена е глоба од 150-300 евра. Тие пријави ги поднесува МВР-СВР Велес, додека УЈП е надлежна за поднесување пријави за правното лице и УЈП ќе поднесе пријава и во овој случај.
- Апелираме одговорните лица во угостителските објекти да ги почитуваат и најстрого се придржуваат до законските одредби од Кривичниот закон , Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Законот за пушење . Секое непочитување кое ќе биде констатирано од полициските службеници, веднаш ќе биде санкционирано, нагласи Стојковска.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа