Попоски во еднодневна посета на Косово

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Република Косово на покана на заменик претседателот на Владата и министер за надворешни работи Хашим Тачи. 

За време на посетата предвидено е потпишување на билатерална спогодба меѓу двете влади за условите за патување на државјаните на двете земји. Спогодбата предвидува преминување на државната граница со биометриски лични карти за краток престој.

На средбата, како што информираат од МНР, ќе се разговара и за проекти за прекугранична соработка и проекти за подобро поврзување.

 
 
08.02.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега