Од почетокот на годинава издадени 68.025 потврди за барање азил

Вкупно 2.841 потврди на странски државјани се издадени во изминатите 24 часа, од кои 1.090 од машки и 657 од женски пол, како и на 1.091 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и три деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

МВР денеска соопшти дека според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 1.303 државјани на Сирија, потоа на 848 државјани на Авганистан и на 690државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 07.02.2016 година, издадени  се потврди на вкупно 68.025 странски државјани, од кои 27.661 се од машки пол, 14.686 се од женски и 25.551 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 127  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија 33.183, Авганистан 21.295 и Ирак 13.544. 

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 07.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 07.02.2016 година, до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија)врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 07.02.2016 година евидентирани се вкупно 11 баратели на азил од кои осум мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена,пет малолетни деца со придружба на старател,пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

 
 
08.02.2016 - 11:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега