Влажни бранови доаѓаат кон Македонија: Подгответе се за дожд и снег

Серија влажни бранови од средината на наредната недела најавуваа метеоролозите.

Во вторник очекуваме мала до умерена облачност и релативно топло време. Попладне се очекува наоблачување во западниот дел од земјава, а истото ќе биде предзнак за надоаѓањето на циклон, кој ќе ни го „влоши“ времето во среда, пишува специјализираниот портал за временска прогноза МетеоПро.

Среда ќе биде облачна, врнежлива и ветровита. Врнежите се очекуваат доцна претпладне во западниот крај, но истите до вечерта во среда ќе се прошират на остатокот од земјата. Во ноќта кон четврток на повисоките места овие врнежи ќе преминат во снежни.

Ќе дува умререн до засилен јужен ветер.

Во четврток пооблачно ќе биде во северната половина од земјата. На планините во овој крај во четврток претпладне сеуште ќе провејува слаб снег. Попладне ќе биде претежно ведро.

Ветерот ќе стивне во однос на среда.

Во петок претпладне претежно ведро, но попладне се очекува ново наоблачување, пред се во западниот регион.

Во однос на температурата во утринските часови не се очекуваат „проблематични“ вредности. „Слаба“ негатива низ котлините се очекува во вторник, додека од среда до петок минималната ќе има вредности околу 0°С.

 

Максималната температура во вторник низ котлините ќе има вредности од 10°С до 13°С, односно околу 15°С во југоисточниот крај. Слични вредности се очекуваат и во среда.

Четврток во однос на среда ќе има за околу 2°С пониска дневна максимална температура. 

Поголеми промени на температурата не се очекуваат ниту во петок.

 
 
08.02.2016 - 10:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега